12.04.2012, Старо Коњарево, Ново Село
Зедницата на Македонските друштва во Швајцарија на 12.04.2012 год. во Старо Коњарево, Струмичко, подели поклони на сите 28 деца. Децата добија по една училишна ташна, преврзок за клучеви и неколку топки. Оваа акција ја помогна, како главен спонзор, осигурувачката компанија «Конкордија» Швајцарија. |
|
 |


|
| |
|

Доколку немате биометриска патна исправа,
од 27.02.2012 година, во РепубликаМакедонија може дапатувате единствено со патенлист издаден од нашитеДипломатско Конзуларни Претставништа
Согласно известувањето од Министерството за внатрешни работи, не-биометриските пасоши престанаа да важат на 27.02.2012 година.
Доколку немате биометриска патна исправа, од 27.02.2012 година, во Република Македонија може да патувате единствено со патен лист издаден од нашите Дипломатско Конзуларни Претставништа.
Министерството за внатрешни работи стави во функција посебна телефонска линија преку која иселениците ќе можат да закажат термини за вадење патни исправи.
Нашите иселеници кои престојот во Република Македонија сакаат да го искористат, меѓу другото, и за вадење нови патни исправи, ќе можат термини за закажување за поднесувањето на своите апликации (и по редовна и по итна постапка), да добијат на телефонскиот број +38923117754 при Управните служби на МВР.
Оваа категорија граѓани ќе може да резервира термин за аплицирање за нова патна исправа на телефонскиот број секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.
При поднесувањето на документите за биометриски пасош треба да се поднесе и документ со кој ќе се докаже дека лицето е иселеник од Македонија, односно дека лицето има регулиран статус во државата каде престојува или живее.
Со почит
Васил Наумов
Директор
08.04.2012, Ново Село, Македонија
Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД) денеска ја предади помошта на децата од училиштето за децата со специјални потреби во Ново Село.
Од акциите на Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД) беа собрани средства кои беа доволни да се набави патничко возило и санитетски материјал.
Помошта како представник на ЗМД ја предади Никола Мицев.
извор: Радио Струмица
03.12.2011, Villmergen
Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД) ,друштвото Ќирил и Методиј од Баар,хументарното друштво св.Ѓорѓе од Ветинген,Слога од Вилмирѓен и друштвото Ешелан . Организира хуманитарна акција под име :
И НИЕСМЕ ТУКА ДА ПОМОГНЕМЕ
-Почетувани пријатели
-Со сите ризици кој ѓи носи еден ваков предлог,одлучивме да направиме обид да помогнеме на децата со специјални потреби во Ново Село кои таму се школуваат и вршат специјални тераапи воедно и таму се сместени кои ѓи има од сите делова на Македонија.
-Да покажеме дека и ние сме тука да помогнеме колку можеме со оваа акција сакаме да решиме барем од некои од проблемите кои за жал ги имаат многу.
Затоа да се собериме во поголем број во сабота, 03,12,212 год. во Mehrzweckhalle Villmergen со почеток во 20 часот .који сите средства ќе бидат оделени за хуманитарни потреби за децата во Ново Село.
-За вечерта да биде по друштвена и забавна ќе се потрудаат нашите естрадни уметници групата «АКОРДИ» во придружба на вокалната солистка Стојанова Тања .

Влез 15 Фр. (за деца до 15 год. влезот е бесплатен)
Со почит раководството на ЗМД
За по детални информации можете да се јавите на:
Атанасов Живко 078 691 05 23
Мицев Никола 077 501 67 92
08.09.2011
Прослава на 20 години независна Македонија
По повод 20 години независна Република Македонија, амбасадата на Република Македонија во Швајцарската Конфедерација организираше свечен прием во Мури кај Берн.
На малата прослава беа поканети и дојдоа бројни дипломати, амбасадори и пријатели на Македонија, како и представници на Македонските организации и асоцијации во Швајцарија.
Поздравите и честитките до Амбасадорот на Република Македонија во Швајцарија Г/динот Рамадан Назифи од страна на Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија лично ја упати председателот на Заедницата Г/динот Живко Атанасов.

Неколку фотографии од прославата »»»
05.06.2011
begegnungderkulturen.ch

На манифестацијата «Вegegnung der kulturen.ch» која се одржа Villmergen, а беше заеднички организирана со општините Wohlen, Dottikon, Dintikon, а во кои живеат околу 80 различни нации, Македонија беше претставена од страна на ЗМД
Замислата и целта на манифестацијата е да многубројните нации меѓусебно се сретнат и се запознаат.
видео»»»
април 2011
Предвремените парламентарни избори 2011

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заинтерисираните државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа и престој во странство и кои поднеле барања за запишување во посебниот извод на избирачкиот список и пријава за гласање во Дипломатско Конзуларните Претставништва и Конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, пред да заминат на гласање во просториите на Дипломатско Конзуларните Претставништва на Република Македонија во странство можат да проверат дали се наоѓаат на посебниот извод од избирачкиот список за гласање во странство и каде треба да гласаат со внесување на бараните лични податоци на Интернет страници:
» Избирачки список за гласање во ДКП
» Избирачки список за гласање во Македонија
За подетални информации посетете ја страната на Државната изборна комисија:
http://www.sec.mk
Проект 2011

«Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија» како дел од своите активности го спроведува “Проектот 2011“ со цел да се представат и добијат можност за директен контакт на Македонските и швајцарските фирми, како и општини. Исто така секој Македонец во Швајцарија има можност да ја објави својата адреса и телефонски број во именикот на Македонци во Швајцарија.
Сите заинтересирани можат да пријават адреса и понудат свои услиги и производи, со формуларот кој е достапен како download или контактирајте не директно. |