ZMDbaner
d1 d1 d1
  Активности на Заедницата
МKDEFRITEN
Архив на некои од досегашните активности:
2009 »»»
2008 »»»
2007 »»»
2006 »»»
2005 »»»
2004 »»»
2003 »»»
2002 »»»
2001 »»»
1999 »»»
1996 »»»
1995 »»»
1994 »»»
1993 »»»
1992 »»»

 

 

 

 

 

 

 

 

2009

Почитувани,

Владата на Република Македонија, ја разгледува можноста за основање Хокејарска репрезентација на Македонија. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е задолжена да направи истражување за можноста за ангажирање на хокејарски професионални играчи, со потекло од Македонија, кои настапуваат во хокеарските клубови во САД, Канада, Руската Федерација, Австрија, Чешка, Словачка, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Словенија, Германија и Србија. Ве молиме, доколку знаете хокеарски играч кој игра во некој од професионалните шампионати во овие земји, а е по потекло од Македонија, да не информирате. Ви благодариме однапред.

Со почит,
Агенција за иселеништво на Република Македонија


 

Министерството за Надворешни Работи на Швајцарија прими делегација на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија

Берн – 18.05.2009, Г-динот Амбасадор Christoph Meuwly – Шеф на кабинетот за надворешни врски во Европа при Министерството за Надворешни Работи на Швајцарската Конфедерација, прими трочлена делегација на ЗМД. За време на едноиполчасовната посета воглавно се зборуваше за спорот на името на Реп. Македонија и за организацијата на македонската дијаспора во Швајцарија.

Трочлената делегација, во состав на Македонка Мајер – претседател на ЗМД, Величе Јорданоски – секретар на ЗМД и Ванчо Стојанов – потпарол на ЗМД, откако даде излагање за Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија и нејзиното работење, во име на македонската дијаспора во Швајцарија изрази незадоволство заради бојкотот на Македонија од страна на нејзиниот јужен сосед за влез во ЕУ и НАТО и апелира до Владата на Швајцарија за признавање на Реп. Македонија под нејзиното уставно име и подршка за влез во ЕУ.

Г-инот Амбасадор Meuwly изрази разбирање за проблемот на Реп. Македонија и за незадоволството на македонската дијаспора во Швајцарија и рече дека во билатералните врски помеѓу Реп. Македонијаи и Швајцарија, Швајцарија веќе го користи уставното име на Реп. Македонија.

Според официјална Швајцарија спорот заради името не треба да биде пречка Македонија и понатаму да чекори во исполнувањето на условите за прием во европската унија. Тој верува дека Обединетите нации се на пат кон изнаоѓање решение за овој проблем, но тоа може понекогаш да изискува подолго трпение, изјави шефот на Кабинетот за Европа Амбасадорот Christoph Meuwly.

Неодамнешната средба на Министрите за Надворешни Работи на двете земји – Micheline Calmy-Rey и Антонио Милошоски, како и билатералните односи помеѓу Македонија и Швајцарија, беа исто така дел од разговорот на посетата. По повод претседувањето на Швајцарија со Европскиот Совет од ноември 2009 до мај 2010, а кое што веднаш потоа ќе биде превземено од Македонија, Швајцарија понудила интезивирање на врските помеѓу двете земји.


 

Одбележување на Патрониот празник

Баар, 22 и 23 мај 2009

Во рамките на прославата на патрониот празник, Македонското друштво Св. Кирил и Методиј во Баар, организираше и попратна манифестација насловена: МАКЕДОНИЈА - колевка на културата, земја на природата

Во дводневната програма, посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на фотографии од Македонија, да видат по неколку дела на Македонски уметници кои живеат во Швајцарија, да се восхитуваат на изведбата на Македонските ора од страна на женската играорна група “ВЕЗИЛКА“ под водство на Г-динот Тошо Спасов и настапот на драмскиот уметник а воедно и автор на монодрамата «Тука живее Т.Т. еден ауслендер од Македонија»

За специјалитетите од Македонскта кујна се погрижија жените, членови на нашето друштво, а секако не недостигаше и вкусната скара и Македонските вина.

повеќе информации »»»


 

Средба на Министерот за Надворешни Работи на Република Македонија Антонио Милошоски со Министерката за Надворешни Работи на Швајцарија Мишлин Калми-Ре

 

Амбасадата на Реп. Македонија во Берн известува дека Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-нот Антонио Милошоски, на
4-ти мај 2009 година официјално ќе ја посети Швајцарската Конфедерација и ќе има разговори со Министерката за надворешни работи на ШК, Мишлин Калми-Ре.

Во рамките на посетата, МНР Милошоски во недела на 3. мај ќе го посети објектот во изградба на црковниот храм „Св. Наум Охридски“ во Триенген, кантон Луцерн. Со цел заштеда на краткото време на посетата, а со оглед дека објектот се наоѓа во географскиот центар на Швајцарија, министерот Милошоски долгоочекуваната средба со представниците на асоцијациите (клубови,црковни општини и исламски културни центри) во кои членуваат државјани на Република Македонија со постојан престој во Швајцарската Конфедерација, ќе ја оствари во недела на 03.05.2009 година, во 19 часот, во помошните простории на Црковната општина „Св. Наум Охридски“ - Триенген, Gieslerstr. 9

повеќе информации »»»


 

Еден за сите -
Ѓорге Иванов е новиот Претседател на Република Македонија

 

Цуг, 06.04.2009 - Вториот круг од локалните и претседателските избори помина вчера без поголеми инциденти и во демократска атмосфера јавуваат медиумите од Македонија. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов со речиси двојно мнозинство на гласови победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија.

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД-Ш му го честита изборот на Г-инот Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија и му посакува многу успех во работата а пред се плодни резултати во заложбите за прием на Република Македонија како рамноправна членка во Европската Унија и НАТО како и во надминувањето на спорот за уставното име на Република Македонија со соседна Грција.

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД исто така им ги честита изборите и на новоизбраните градоначалници и советници ширум Македонија.



 

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија
одржа Генерално Собрание

На 29.03.2009 год. во просториите на МПЦ Св. Наум Охридски од Триенген Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија - ЗМД одржа Генерално Собрание.

Меѓу многубројните делегати на македонските друштва и асосијации и делегати на почесните членки - црковните општини од Триенген и Тичино, учество во состанокот зедоа и почесниот гостин Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Европски Владиката Г-ин Пимен како и почесните гости од Македонската Амбасада на РМ во Берн Г-инот Амбасадор Јасмин Ќахил, Конзулката Г-ѓа Славка Јовановска и Секретарката
Г-ѓа Слободанка Штерјоска

Во извештајот на претседателката за активностите во 2008 год. главно место зедоа излагањата за мирните демонстрации за името на Република Македонија во Женева пришто беше примена делегација на Организациониот Комитет во Обединетите Нации, учество во фудбалскиот турнир Корени во Охрид – подржан од Владата на Реп. Македонија како и од Фудбалската Федерација на РМ и Агенцијата за Млади и Спорт на РМ и средбата на македонските здруженија и асосијации по покана на Амбасадата на РМ во Берн.

Од особено значење во 2009 год. ќе бидат активностите средба на делегација на ЗМД со претставници на Министерството за Надворешни Работи на Швајцарија, координација на организацијата за заеднички концерт на КУД Мирче Ацев од Скопје и организација на фудбалски турнир. Се молат сите заинтересирани за активности од поголем карактер да ги доставуваат своите предлози на разгледување до раководството на ЗМД-Ш.

Наместо воведување на членарина, активностите на ЗМД и понатаму ќе бидат спонзорирани од поголемите друштва кои располагаат со финансиски средства, беше одлуката по предлог на повеќе друштва. Како главна причина за тоа беше констатацијата дека помалите друштва и асосијации не располагат со сопствени финансиски средства.

По официјалниот дел на состанокот следеше посен ручек организиран од жените на ЗМД. Благодарност од раковотството на ЗМД до сите учесници на состанокот, до ЦО Св. Наум Охридски за просторијата во која што се одржа состанокот и до жените кои ја организираа посната трпеза.


 

Почитувани сонародници

Амбасадата на Реп. Македонија во Швајцарија известува дека, по прекинувањето на издавање пасоши во амбасадите на РМ во април 2007 год. (причина беше процедурата со биометриските податоци) постои повторно можност за поднесување барање за издавање пасоши во некои амбасади на РМ меѓу кои што е и амбасадата на РМ во Берн. Дипломатско-конзуларните претставништва каде што можат да се поднесат барањата, добија инструкции пробно да почнат да собираат податоци за државјаните на РМ кои би поднеле барање за издавање пасоши во овие ДКП-а Мобилната екипа на РМ ќе престојува во Амбасадата во Берн во сабота и недела, 11 и 12 април 2009, а ќе работи од 9 до 17 часот

Само врз основа на позитвно исвестување од МВР за секое барање поединечно, Амбасадата ќе го потврдува терминот и точниот час за доаѓање во Амбасадата. Без потрврден термин од Амбасадата странките не треба да доаѓаат, бидејќи или квотата за тој месец е исполнета или според известувањето на МВР не се исполнети некои законски услови за издавање нов пасош (неутврден државјански статус, непријавен брак - промена на презиме, во меѓувреме сторено кривично дело и сл.)

Рокот за пријавување (по факс или телефонкси) за првата посета на мобилната екипа е понеделник 23.03.2009 год. По исполнувањето на квотата од 60 подносители на барања, нема да се земат во предвид понатамошните барања и тие ќе бидат ставени на листата за следната посета на мобилната станица во Берн.

За повеќе информации како можете да го доставите Вашето барање, Ве молиме да кликнете овде

Повеќе информации »»»


 

КОНЗУЛАРНИ ДЕНОВИ

Согласно заклучокот од состанокот во Амбасадата на Реп. Македонија со Македонските Здруженија на 16.11.2008 во Берн се одржаа конзуларни денови со конзуларни услуги за патни листови, визи и слично, во Wil на 29.11.2008, во Muralto на 6.12.2008 во Echallens na 13.12.2008 год..

Следните конзуларни денови во 2009 год. Ќе се одржат пред Велигденските празници според следниот план:

14.03.2009: Via Municipio 5, 6602 Muralto
21.03.2009: Titlisstrasse 3A, 9500 Wil
28.03.2009: Rue de Praz Palaud 8, 1040 Echallens

Ве мoлиме за понатамошно известување на вашите блиски, роднини и пријатели за оваа можност на користење на конзуларни услуги. Од бројот на странките и извршните услуги зависи нивното идно одржувајње.



 

Да, можеме!

Македонка Мајер

Цуг, 05.11.2008 - Денес, по 140 години од граѓанските војни - коишто впрочем и отпочнаа заради укинување на ропството, САД избраа нов претседател. За првпат афроамерикански граѓанин. Еуфоријата со бранот Обама го зафати целиот свет, не само Америка и не само граѓани со темна кожа. Мотото на идниот претседател „Да, можеме!“ или послободно преведено „Ќе успееме!“ (Yes, we can) како волшебна сила ги опфати луѓето, ги обедини, влеа надеж, направи непознати да се прегрнуваат од радост.
И пак ќе речам, не само во Америка туку во сиот свет.

Трогната од овој историски момент, размислувам и се прашувам себе си, каде сме ние, каде е Македонија. Ќе имаме ли и ние еден ден еден Обама, или веќе сме го имале, а не сме го препознале. И тоа неколку пати.

Твоето Денес е твоето Утре, ако сакаш да си ја знаеш иднината, види си го минатото, прочитав некаде во една мудра книга. И еуфоријата се претвори во тага.

Зарем и понатаму ќе дозволуваме да нè советуваат, да ни ја кројат судбината, да нè распарчуваат? Не им замерувам на оние на кои не им е важно дали Македонија ќе постои или не. Ниту им замерувам на оние, кои сакаат да распарчуваат. Право на слободна мисла има секој. Но, не и слобода за секое дело.

Порано јунаците се мереле на мегдан. Победувал еден, а многумина ја споделувале победоносната радост. Па, Дами Господо, барам и јас

јунаци. Не за мегдан. Барам јунаци кои имаат храброст да речат: Јас сум за единство на македонската дијаспора во Швајцарија, за единство на Македонците воопшто. И тоа да го поткрепат со дело!

Која причина би била толку голема што би била пречка за тоа? Не познавам ниту една!

Можеме да се обединиме?

Да, можеме! Yes, we can!

Со почит,

Македонка Мајер
Претседател на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија


 

21.Септември, 2007

Г-дин Лазар Трајаноски од Македонската Просветна Заедница, Г-дин Мирчев Никола и Г-дин Ванчо Стојанов од Македонското друштво Македонија Ешален.

Тие донираа на образованието во Мала Преспа, Република Албанија 12 комплетно опремени Компјутери и Проектор за презентација и платнен екран. Г-дин Мирчев Никола подари возило Рено Моноволумен со кое беше и донацијата однесена до Мала Преспа.


 

09.Септември, 2007

На 10-от државен фестивал за народна музика кој оваа година се одржа во Штанс, Швајцарија, Македонија беше представена од страна на Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД).На дефилето на кое имаше повеќе од пеесет здруженија, организации и асоцијации, во Македонската «Традиционална веридба» имаше голем број на представници од нашите друштва ......

Stans 2007


 

Годишно собрание на ЗМД

11 Март 2007

На 11.03.2007, во просториите на МД Св. Кирил и Методиј од Баар, Заедницата на Македонските друштва од Швајцарија (ЗМД) одржа Годишно собрание. На состанокот кој беше посетен од неколку Македонски друштва и асоцијации Г-динот Никола Мирчев досегашен претседник на Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија информираше за работењето на ЗМД во последните две години, а потоа беше избрано ново работно раководство.

За нов претседател на Заедницата на Македонските друштва од Швајцарија едногласно беше избрана Г-ѓата Македонка Мајер, досегашен благајник на ЗМД и член на МД Св. Кирил и Методиј од Баар, за секретар на Заедницата на Македонските друштва од Швајцарија беше едногласно избран Г-динот Величе Јорданоски, член на МД Св. Кирил и Методиј од Баар, исто така едногласно беа избрани Г-динот Зоран Костадинов за благајник и Г-динот Никола Мирчев за заменик претседател, двајцата од МД Македонија, Ешелан. Од име на МД Св. Кирил и Методиј за изборот на новото раководство им честита претседателот Славе Грчев со желби за успешна работа и меѓусебма соработка .



 

Орбе-Швајцарија, 30 јануари 2005

 

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија прими честитка од Министерката за надворешни работи на Република Македонија Г-ѓа Илинка Митрева. Амбасадата на Република Македонија во Берн имаше чест, во името на Г-ѓа Илинка Митрева, Министерка за надворешни работи на Република Македонија, да упати честитки до Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија (ЗМД) со најискрени желби за среќна и успешна 2005-та година.
Честитката ја прими претседателот на ЗМД Г-дин Никола Мирчев на приемот кој беше организиран по тој повод на 24.јануари во 15.00 часот во просториите на Амбасадата на Република Македонија. Честитката лично му ја врачи Амбасадорот на Република Македонија во Берн Г-дин Махмуд Ибрахими. Последните две години Г-дин Никола Мирчев успешно ја води Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија. Посакувајки им успех на сите асоцијаци во Швајцарија, тој изрази желба за нивно обединување во заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија, истакнувајки го притоа беспримерното залагање на најорганизираното друштво во Швајцарија
„Св.Кирил и Методиј“ од Баар, во Кантонот Цуг.

««« горе


 

МЕМОРИАЛЕН ВЕЧЕРЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
« БОРИС ТРАЈКОВСКИ-2005 »

29 Фебруар 2004 год.

 

ПОВОД И ПРОГРАМА НА ТУРНИРОТ

Одбележување годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски.
Со почеток од 15 часот; се одржа комеморација по повод годишнината од смртта на претседателот; Изложба посветена од животот и делото на покојниот претседател со документарен филм;

Гости беа:

  • Стефан Трајковски син на покојниот претседател;
  • Роберт Милчев кординатор на асоциацијата Трајковски;
  • И други поканети гости од разни асоциаци;

29 Фебруар 2004 год.

Заедница на Македонските Друштва во Швајцарија испраќа делегација за погребот на претседателот Борис Трајковски.
Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија веќе испрати своја делагација за погребот на претседателот Борис Трајковски. Меѓу членовите на делегацијата се наоѓа и претседателот на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија господинот Никола Мирчев.
Една од последните посети на претседателот Борис Трајковски беше токму посетата на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија и Македонската Црковна Општина „Свети Наум Охридски“ од Тринген (Triengen) Швајцарија. Поводот беше голем проектот за изградба на првата Македонска Православна црква во Швајцарија, а и во Европа.
Средбата со претседателот беше срдечна и за двете страни, па затоа претседателот ни вети дека ќе н è посети уште еднаш. Жалење за посетата која повеќе нема да се повтори. Делегацијата на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија присуството во Македонија ќе го искористи за конечно распоредување на преостанатите средства од акцијата помош за Македонија. Во соработка и координација со Светскиот Македонски Конгрес и претседателот на Асоцијацијата на семејствата на загинатите од војната од 2001 година Спасе Илиевски, преостанатите финансиски средства ќе бидат доделени на 10 семејства.



 

27 Фебруар 2004 год.

Комеморација по повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и испраќање на делегација за погребот
Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија веднаш по немилата вест за загинувањето на претседателот на Република Македонија, прими голем број на повици со изрази на жалење.

Македонците од Швајцарија осетија голема потреба од искажување на својата жалост за загинатиот претседател. Така спонтано Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија во петокот навечер на 27 февруари 2004 година организира комеморација по повод трагичниот настан на претседателот на Република Македонија.
За одбележување на настанот беа присутни и претставници на штампата поточно од весникот „24 Heures“ („24 Часа“), каде што во бројот од наредниот ден артиклот во споменатиот весник зборуваше за настанот.

««« горе



3 Март 2003 год.Скопје, Македонија

Во Домот на Армијата на Република Македонија, во соработка со Светскиот македонски конгрес, делегација на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија предводена од претседателот г. Никола Мирчев заедно со г. Тане Колоски благајник на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски” од Тринген и г. Ристе Јадроски претставник на Македонското друштво “Македонија” од Ешалан, предаде хуманитарна парична помош во вкупен износ од 6.400 швајцарски франци на 11 фамилии на загинати припадници на Вооружените сили на Македонија - жртви на албанскиот тероризам.

Во својот поздравeн збор, претседателот на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија рече:
Почитувани родители, почитувани сопруги и деца на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година - жртви на албанскиот тероризам - херои на Македонија, Ви носам искрени поздрави од Заедницата на македонските друштва во Швајцарија, од Заедницата на Македонците во Швајцарија, кои од првиот ден на војната во Македонија во 2001 година, се мобилизираа во организирање помош за Вооружените сили на Македонија, за ранетите и членовите на семејствата на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија, за насилно протераното македонско и друго цивилно население од кризните региони.Формиравме фонд за Македонија од кој трипати колку што можевме, поделивме парични средства за фамилиите на загинатите. Делегации на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија трипати ја посетија Македонија и ранетите и фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија. Не успеавме сите да ги почестиме со нашето благородие и хуманост, ниту имавме амбиции дека со тоа ќе ги вратиме загинатите меѓу живите. Сакавме на овој хуман начин да ја искажеме нашата болка за Вашата и наша ненадоместлива загуба за хероите на Македонија. Нека им е вечна слава на загинатите, чувајте ги како ваши и наши блиски во мислите како очите во главата, затоа што нивните имиња и херојства ќе не опоменуваат како тие еден ден се бореа за Македонија,” - заврши г. Никола Мирчев.
На предавањето на паричната помош присуствуваше и претседателот на Светскиот македонски конгрес г. Тодор Петров кој, исто така, изрази длабока почит и благодарност за хуманоста на Македонците во Швајцарија и воопшто на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија кои несебично помогнаа во паричното обезбедување на дел од фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија од војната во 2001 година. Благодарност за досегашната помош од Заедницата на македонските друштва во Швајцарија изрази претседателот на Здружението на ранетите и членовите на фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија - жртви на албанскиот тероризам - херои на Македонија г. Спасоја Иљиевски и г. Владо Стојановски, татко на загинатиот Горан Стојановски од Крива Паланка.По предавањето на хуманитарната парична помош, делегацијата на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија за помен на загинатите организираше пригоден коктел во Домот на АРМ во Скопје.




7 ми Декември 2003 год.

Здружението на Македонските Друштва во недела на 7 ми Декември 2003 во кино салата во Ешалан (Echallens) организира завршна

манифестација по повод 100 години од Илиденското востание и Крушевската Република.

Поканети почесни гости:
- Претставници од општина Ешалан (Echallens)
- Претставници од Swisscor
- Претставници од Мисијата во ООН
- Претставници од Македонската амбасадата во Швајцарија
- Претставници од Македонските Друштва во Швајцарија

Ке се прикажува филмот „Солунските Атентатори“, и ке биде изложена изложбата 100 години Илинден.


 

23 Ноември 2003 год.

Посета на претседателот на Република Македонија на Здружението на Македонските Друштва во Швајцарија и на Црковната Општина Свети Наум Охридски од Швајцарија.
Во недела 23 ноември 2003 година во предпладневните часови во кратка посета се задржа претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, каде претседателот на Здружението на Македонските Друштва во Швајцарија Никола Мирчев и потесното раководство на Црковната Општина Свети Наум Охридски во Швајцарија, му приредија свечен пречек во местото Тринген во Кантон Луцерн во централна Швајцарија.

По излегувањето од председателовиот автомобил, претседателот беше понуден од традиционалната погача од рацете на најмладите. Потоа претседателот Борис Трајковски оддржа краток поздравен говор пред присутните во просториите кои денес функционираат како привремена црква. Претседателот на Црковната Општина Свети Наум Охридски од Швајцарија господинот Богдан Коцев со краткото излагање го запозна претседателот за детaлите и историјатот на идејата за градење на црквата. Претседателот Борис Трајковски беше запознаен за идејниот проект на идната црква од архитектот Љупчо Горгиев.Потоа претседателот ги посети просториите за станување на свештените лица, каде беше приредена закуска и аперитив за претседателот, а воедно беа врачени подароците од Здружението на Македонските Друштва во Швајцарија и Црковната Општина Свети Наум Охридски во Швајцарија, како сведоштво од посетата на претседатолот Борис Трајковски на Швајцарија. Очигледно расположен претседателот живо се интересираше за животот на нашите луѓе во овие простори.
На крајот присутните имаа можност да се фотографираат со претседателот.



Од 20 Декември 2001 до 6 Јануар 2002

Делегации на Заедницата на македонските друштва во Швајцарија ја посетија Македонија и ранетите и фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија

Од 20 декември 2001 година до 6 јануари 2002 година на 9 фамилии им беше предадена помош од по 1.500 швајцарски франци, на една фамилија 150 швајцарски франци и 3.000 швајцарски франци на Здружението на насилно протераното македонско и друго цивилно население од кризните региони.

««« горе



 

Од 24 до 27 мај 2001

Делегациа на Заедницата на македонските друштва од Швајцарија, ја посетија Македонија, ранетите и фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија.

Од 24 до 27 мај 2001 година на 10 фамилии им беше предадена помош од по 5.000 германски марки, а на еден тежок инвалид, му беше предадена исто така помош од 5.000 германски марки.


 

Од 22 до 24 мај 2001

Делегациа на Заедницата на македонските друштва од Швајцарија, ја посетија Македонија, ранетите и фамилиите на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија.

Од 24 до 27 мај 2001 година на 10 фамилии им беше предадена помош од по 5.000 германски марки, а на еден тежок инвалид, му беше предадена исто така помош од 5.000 германски марки.




18. Март, 2001

Во Минхенбухсее кај Берн ЗМД одржан состанок поради немирите што ја зафатија Македонија, и на тој состанок ЗМД организира Фонд за помош на татковината Македонија.

ЗМД не само што испрати писмо на подршка до Председателот Борис Трајковси, премиерот Лупчо Георгиевски туку испрати и парична помош од 350,000 Швацарски Франака до фамилиите на загинатите бранители.

««« горе


19. Септември, 1999

Одржување на семинари за претседателите на сите македонски асоцијации во Швајцаријана тема – Подобрување на образовниот систем на младите македонци.


10. Јули, 1999

Учество на мултикултурелна манифестација во Румланг кај Цирих.


Мај, 1998

Проект за подобрување на образовниот систем на младите македонци во Швајцарија, издадени на брошури и ЦД-РОМ плоча на македонски јазик.


27. Мај, 1998

Прием на делегација на ЗМД во ОН, одсек за човечки права, предадена петиција со барање за подобрување на човечковите права на македонците во Грција, Бугарија и Албанија.


23.Мај, 1998

Мирна македонска манифестација пред палатата на ОН во Женева, по повод на 85 години од поделбата на Македонија.

««« горе


Ноември, 1997

Делегирање на 5 членови на ЗМД во швајцарската Сојузна комисија за странци.


16. Ноември, 1997

Учество на мултикултрелна манифестација одржана во Оесинген, пофалена за најдобра национална презентација.


25. Октомври, 1997

Одржана македонска фолклорна вечер, со АКУД „ДАМЕ ГРУЕВ„ од Битола. Отворена и посетена од поширока Швајцарска публика и почесни гости од Швајцарската сојузна комисија за странци, представници на кантонот Солотурн.


14. Септемвир, 1996

Одржана манифестација во Ланденхоф- кај Аарау „ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ДЕН„ на ЈУБИЛЕЈОТ ПЕТ ГОДИНИ САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

««« горе


Јули, 1995

Заедно со здружението за слушно оштетени лица во Швајцарија одпочна хуманитараната акција за собирање на средства за купување на техничка опрема за заводот за слушно оштетени деца во Битола.


5. Јуни, 1994

Учество на првиот се македонски пикник „ Св. Кирил и Методиј„


Ноември, 1993

Македонска културна манифестација со избор на првата македонска убавица во Швајцарија, прихододт од манифестацијата беше употребен за купување на лекови за Македонија.


13. Март, 1993

Учество на манифестацијата „АФИРМАЦИЈА И ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА„ одржана пред Сојузна Скупштина во Берн, посетена од 1500 македонци од цела Европа.
Добиено посмо на подршка од тогашниот претседател на Швајцарија Г-дин Адолф Оги.


Јуни, 1992

Јуни Учество на големата македонска демонстрација во Луксенбург каде што заседуваше европскиот парламент, каде што достави барање за признавање на македонската држава.


««« на почеток

 

 

 

© ZMD 2004-2008
index