ZMDbaner
d1 d1 d1
Добредојдовте на страната на ЗМД
МKDEFRITEN

 

Борис Трајковски

Ченто

Тоше

П О С Т О Ј А М

Александар

Гоце Делчев

Меморандум на грчкиот геноцид врз македонците

Deca od Egejska

Völkermord an den Mazedoniern

 

ВО МАРТ 2010 ГОДИНА СТАРТУВА ИЗДАВАЊЕТО МАКЕДОНСКИ ПАТНИ ИСПРАВИ ВО ДИЈАСПОРАТА

1.3.2010 - Соопштение на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија од март 2010 година започнува со реализација на активности, чија што цел е олеснување на можноста за нашите државјани кои што живеат во САД, Канада, Австралија и Европа, да се стекнат со новите македонски биометриски патни исправи.
За таа цел, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе ја направи достапна можноста за аплицирање за македонски биометриски патни исправи, преку мобилни станици кои што ќе бидат поставени во македонските дипломатски претставништва во одделни градови во САД, Канада, Австралија и Европа.
Целата постапка ќе се реализира согласно следната динамика:

- Сите македонски државјани кои се заинтересирани да поднесат барање за издавање на македонска биометриска патна исправа, потребно е најдоцна до 1 март 2010 година да го пријават својот интерес во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Детроит,Чикаго, Њујорк (САД), Канбера, Мелбурн (Австралија), Торонто (Канада), Бон (СР Германија) и Венеција (Италијанска Република).
- Македонските државјани кои барањето за издавање на биометриски пасош на Република Македонија ќе го поднесуваат во дипломатско–конзуларните претставништва во Минхен (СР Германија), Копенхаген (Кралство Данска), Берн (Швајцарска Конфедерација), Брисел (Кралство Белгија), Париз (Француска Република) и Лондон (Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска), потребно е својот интерес да го пријават во овие конзуларно-дипломатски претставништва најдоцна до 20 мај 2010 година.
- од 15 март до 16 април 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Детроит, Торонто, Мелбурн и Бон, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 24 до 28 мај 2010 година.
- од 19 април до 14 мај 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Чикаго, Њујорк, Канбера и Венеција, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 31 мај до 4 јуни 2010 година.
- од 14 јуни до 9 јули 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Минхен, Копенхаген, Берн, Брисел, Париз и Лондон, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 19 јули до 30 јули 2010 година.
- Aктивностите за олеснување на можноста за стекнување со нови македонски биометриски патни исправи, ќе продолжат од септември 2010 година.


АМБАСАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ШВАЈЦАРСКА КОНФЕДЕРАЦИЈА 

Број : 04-03-
Датум : 20.01.2010

До :
СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА ДРЖАВЈАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВО ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА

 

По повод  престојниот национален филмски Фестивал,  кој ќе се одржи од 21-28.01.2010 година, во градот Солотурн, информираме дека на истиот  ќе се прикаже  филмот  “Војната заврши” (Lufta mbaroi), од македонскиот продуцент и режисер Митко Панов, кој е номиниран во две наградни категории на фестивалот и тоа за:

  1. Најдобар филм и
  2. Награда на Публиката.

 Филмот на овој фестивал ќе има 2 продукции и тоа:
 

  1. 22.01.2010 (петок),  со почеток во 12 часот во  киното Reithalle,
  1. 25.01.2010 (понеделник), во 20 часот и  30 мин. во киното  Landhaus, (пожелно е да бидете половина час пред проекцијата на филмот).

Напоменуваме дека на втората  проекција ќе биде присутен  Амбасадорот  Рамадан Назифи и преставници на Амбасадата на РМ во Берн.

Ќе биде особено задоволство ако што поголем број на членови од вашето здружение присуствуваат на оваа манифестација.

Во прилог го испраќаме линкот на кој ќе може да резервирате карти, како и кратката содржина на филмот.

Амбасада на РМ во Берн    

Резервациите на билетите ќе треба да се направи, што е можно побрзо преку одговорниот  Даниел Фукс (dfuchs@solothurnerfilmtage.ch).

Повеќе информации за фестивалските проекции ќе може да се најдат на фестивалските сајтови:  

http://www.solothurnerfilmtage.ch/home/page.aspx?page_id=1661
http://www.solothurnerfilmtage.ch/home/page.aspx?page_id=572


Почитувани,

Владата на Република Македонија, ја разгледува можноста за основање Хокејарска репрезентација на Македонија. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е задолжена да направи истражување за можноста за ангажирање на хокејарски професионални играчи, со потекло од Македонија, кои настапуваат во хокеарските клубови во САД, Канада, Руската Федерација, Австрија, Чешка, Словачка, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Словенија, Германија и Србија.
Ве молиме, доколку знаете хокеарски играч кој игра во некој од професионалните шампионати во овие земји, а е по потекло од Македонија, да не информирате. Ви благодариме однапред.


Со почит,
Агенција за иселеништво на Република Македонија


Министерството за Надворешни Работи на Швајцарија прими делегација на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија

Берн – 18.05.2009, Г-инот Амбасадор Christoph Meuwly – Шеф на кабинетот за надворешни врски во Европа при Министерството за Надворешни Работи на Швајцарската Конфедерација, прими трочлена делегација на ЗМД. За време на едноиполчасовната посета воглавно се зборуваше за спорот на името на Реп. Македонија и за организацијата на македонската дијаспора во Швајцарија.

 

Bundeshaus_Bern

Трочлената делегација, во состав на Македонка Мајер – претседател на ЗМД, Величе Јорданоски – секретар на ЗМД и Ванчо Стојанов – потпарол на ЗМД, откако даде излагање за Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија и нејзиното работење, во име на македонската дијаспора во Швајцарија изрази незадоволство заради бојкотот на Македонија од страна на нејзиниот јужен сосед за влез во ЕУ и НАТО и апелира до Владата на Швајцарија за признавање на Реп. Македонија под нејзиното уставно име и подршка за влез во ЕУ.

Г-инот Амбасадор Meuwly изрази разбирање за проблемот на Реп. Македонијаза за и незадоволството на македонската дијаспора во Швајцарија и рече дека во билатералните врски помеѓу Реп. Македонијаи и Швајцарија, Швајцарија веќе го користи уставното име на Реп. Македонија. Според официјална Швајцарија спорот заради името не треба да биде пречка Македонија и понатаму да чекори во исполнувањето на условите за прием во европската унија. Тој верува дека Обединетите нации се на пат кон изнаоѓање решение за овој проблем, но тоа може понекогаш да изискува подолго трпение, изјави шефот на Кабинетот за Европа Амбасадорот  Christoph Meuwly.

Неодамнешната средба на Министрите за Надворешни Работи на двете земји – Micheline Calmy-Rey и Антонио Милошоски, како и билатералните односи помеѓу Македонија и Швајцарија, беа исто така дел од разговорот на посетата. По повод претседувањето на Швајцарија со Европскиот Совет од ноември 2009 до мај 2010, а кое што веднаш потоа ќе биде превземено од Македонија, Швајцарија понудила интезивирање на врските помеѓу двете земји.


СООПШТЕНИЕ

Агенцијата за иселеништво ги известува сите ученици од основно и средно образование кои живеат надвор од Македонија и се потомци на иселеници од Македонија, а се заинтересирани за учество на Летната школа за македонски јазик, дека оваа година по втор пат ќе се одржи Школата.
Учесниците треба да пополнат пријава преку електронска пошта

(e - mail) и да ја  достават до violeta@minisel.gov.mk

Школата ќе се одржи во 2 (два) циклуса:

ПРВИОТ ЦИКЛУС (за наставници) 28 - 31 јули (на 31-ви заминување)

ВТОРИОТ ЦИКЛУС (за ученици) 03 - 09 август (на 9-ти заминување)

Сместувањето на учесниците и одржувањето на школата е во Конгресниот центар на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Охрид (лоциран на брегот на Охридското езеро во близина на населбата Лагадин, до хотелот Метропол).

Трошоците за сместување се на товар на учесниците и изнесуваат:
26 евра (во денарска противвредност), за полн пансион за едно лице во двокреветна соба и
34 евра во денарска противвредност за полн пансион за еднокреветна соба.
Туристичката такса не е вклучена во цената и истата изнесува 40 денари од ден.

Се молат учесниците во најкус можен рок да достават пополнета пријава со што ќе го потврдат своето учество. Истата е дадена на интернет страницата на Агенцијата за иселеништво:

www.emigration.gov.mk


Одбележување на Патрониот празник

Баар 22 и 23 мај

Во рамките на прославата на патрониот празник, Македонското друштво Св. Кирил и Методиј во Баар, организираше и попратна манифестација насловена:
МАКЕДОНИЈА - колевка на културата, земја на природата

Во дводневната програма, посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на фотографии од Македонија, да видат по неколку дела на Македонски уметници кои живеат во Швајцарија, да се восхитуваат на изведбата на Македонските ора од страна на женската играорна група “ВЕЗИЛКА“ под водство на Г-динот Тошо Спасов и настапот на драмскиот уметник а воедно и автор на монодрамата «Тука живее Т.Т. еден ауслендер од Македонија»

За специјалитетите од Македонскта кујна се погрижија жените, членови на нашето друштво, а секако не недостигаше и вкусната скара и Македонските вина.

повеќе информации >>>


Известување

Следните конзуларни денови ќе се одржат по следниот план и редослед:

Сабота, 06.06.2009 од 12 - 16 часот во Муралто - Via Municipio 5, 6602 Muralto
Сабота, 13.06.2009 од 12 - 16 часот во Ешалан - Rue de Praz Palaud 8, 1040 Echallens
Сабота, 20.06.2009 од 12 - 16 часот во Вил - Titlisstrasse 3A, 9500 Will


Средба на Министерот за Надворешни Работи на Реп. Македонија Антонио Милошоски со Министерката за Надворешни Работи на Швајцарија Мишлин Калми-Ре

Antonio Milososki

Амбасадата на Реп. Македонија во Берн известува дека Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-нот Антонио Милошоски, на 4 мај 2009 година официјално ќе ја посети Швајцарската Конфедерација и ќе има разговори со Министерката за надворешни работи на ШК, Мишлин Калми-Ре.

Во рамките на посетата, МНР Милошоски во недела на 3. мај ќе го посети објектот во изградба на црковниот храм „Св. Наум Охридски во Триенген, кантон Луцерн. Со цел заштеда на краткото време на посетата, а со оглед дека објектот се наоѓа во географскиот центар на Швајцарија, министерот Милошоски долгоочекуваната средба со представниците на асоцијациите (клубови,црковни општини и исламски културни центри) во кои членуваат државјани на Република Македонија со постојан престој во Швајцарската Конфедерација, ќе ја оствари во недела на 03.05.2009 година, во 19 часот, во помошните простории на Црковната општина „Св. Наум Охридски - Триенген, Gieslerstr. 9

повеќе информации >>>


 

Еден за сите - Ѓорге Иванов е новиот Претседател на Република Македонија

Gjorge Ivanov

Цуг, 06.04.2009 - Вториот круг од локалните и претседателските избори помина вчера без поголеми инциденти и во демократска атмосфера јавуваат медиумите од Македонија.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов со речиси двојно мнозинство на гласови победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија.

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД-Ш му го честита изборот
на Г-инот Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија и му посакува многу успех во работата а пред се плодни резултати во заложбите за прием на Република Македонија како рамноправна членка во Европската Унија и НАТО како и во надминувањето на спорот за уставното име на Република Македонија со соседна Грција.

Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД-Ш исто така им ги честита изборите и на новоизбраните градоначалници и советници ширум Македонија.


Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија одржа Генерално Собрание

На 29.03.2009 год. во просториите на МПЦ Св. Наум Охридски од Триенген Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија - ЗМД-Ш одржа Генерално Собрание.

29 Mart 2009 sostanok

Меѓу многубројните делегати на македонските друштва и асосијации и делегати на почесните членки - црковните општини од Триенген  и Тичино, учество во состанокот зедоа и почесниот гостин Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Европски Владиката Г-ин Пимен како и почесните гости од Македонската Амбасада на РМ во Берн Г-инот Амбасадор Јасмин Ќахил, Конзулката Г-ѓа Славка Јовановска и Секретарката Г-ѓа Слободанка Штерјоска

Во извештајот на претседателката за активностите во 2008 год. главно  место зедоа излагањата за мирните демонстрации за името на Реп. Македонија во Женева пришто беше примена делегација на Организациониот Комитет во Обединетите Нации, учество во фудбалскиот турнир Корени во Охрид – подржан од Владата на Реп. Македонија како и од Фудбалската Федерација на РМ и Агенцијата за Млади и Спорт на РМ и средбата на македонските здруженија и асосијации по покана на Амбасадата на РМ во Берн.

Од особено значење во 2009 год. ќе бидат активностите средба на делегација на ЗМД-Ш со претставници на Министерството за Надворешни Работи на Швајцарија, координација на организацијата за заеднички концерт на КУД Мирче Ацев од Скопје и организација на фудбалски турнир. Се молат сите заинтересирани за активности од поголем карактер да ги доставуваат своите предлози на разгледување до раководството на ЗМД-Ш.

Наместо воведување на членарина, активностите на ЗМД и понатаму ќе бидат спонзорирани од поголемите друштва кои располагаат со финансиски средства, беше  одлуката по предлог на повеќе друштва. Како главна причина за тоа беше констатацијата дека помалите друштва и асосијации не располагат со сопствени финансиски средства.

По официјалниот дел на состанокот следеше посен ручек организиран од жените на ЗМД. Благодарност од раковотството на ЗМД до сите учесници на состанокот, до ЦО Св. Наум Охридски за просторијата во која што се одржа состанокот и до жените кои ја организираа посната трпеза.

 


Триенген 29.03.2009

Заедницата на Македонските Друштва во  Швајцарија – ЗМД ќе одржи        
Генерално Собрание на 29.03.2009 со почеток во 12 ч во просториите на МПЦ  Св. Наум Охридски во Триенген

Поради спортскиот натпревар помеѓу:

РК Меалург од Скопје и  Амицитиа од Цирих, состанокот ќе се одржи во 12 ч наместо во 13 ч.

За Вашето присуство и соработка однапред Ви благодариме. 

Со почит од Управниот Одбаор на ЗМД


Почитувани сонародници

Амбасадата на Реп. Македонија во Швајцарија известува дека, по прекинувањето на издавање пасоши во амбасадите на РМ во април 2007 год. (причина беше  процедурата со биометриските податоци) постои повторно можност за поднесување барање за издавање пасоши во некои амбасади на РМ меѓу кои што е и амбасадата на РМ во Берн. Дипломатско-конзуларните претставништва каде што можат да се поднесат барањата, добија инструкции пробно да почнат да собираат податоци за државјаните на РМ кои би поднеле барање за издавање пасоши во овие ДКП-а

Мобилната екипа на РМ ќе престојува во Амбасадата во Берн
во сабота и недела, 11 и 12 април 2009, а ќе работи од 9 до 17 часот

Само врз основа на позитвно исвестување од МВР за секое барање поединечно, Амбасадата ќе го потврдува терминот и точниот час за доаѓање во Амбасадата. Без потрврден термин од Амбасадата странките не треба да доаѓаат, бидејќи или квотата за тој месец е исполнета или според известувањето на МВР не се исполнети некои законски услови за издавање нов пасош (неутврден државјански статус, непријавен брак - промена на презиме, во меѓувреме сторено кривично дело и сл.)

Рокот за пријавување (по факс или телефонкси) за првата посета на мобилната екипа е понеделник 23.03.2009 год. По исполнувањето на квотата од 60 подносители на барања, нема да се земат во предвид понатамошните барања и тие ќе бидат ставени на листата за следната посета на мобилната станица во Берн.

За повеќе информации како можете да го доставите Вашето барање, Ве молиме да кликнете овде

Повеќе информации:


КОНЗУЛАРНИ ДЕНОВИ

Согласно заклучокот од состанокот во Амбасадата на Реп. Македонија со Македонските Здруженија на 16.11.2008 во Берн се одржаа конзуларни денови со конзуларни услуги за патни листови, визи и слично, во Wil на 29.11.2008, во Muralto на 6.12.2008 во Echallens na 13.12.2008 год..

Следните конзуларни денови во 2009 год. Ќе се одржат пред Велигденските празници според следниот план:

14.03.2009: Via Municipio 5, 6602 Muralto
21.03.2009: Titlisstrasse 3A, 9500 Wil
28.03.2009: Rue de Praz Palaud 8, 1040 Echallens

Ве мoлиме за понатамошно известување на вашите блиски, роднини  и пријатели за оваа можност на користење на конзуларни услуги. Од бројот на странките и извршните услуги зависи нивното идно одржувајње.



Да, можеме!

Македонка
Македонка Мајер

Цуг, 05.11.2008 - Денес, по 140 години од граѓанските војни - коишто впрочем и отпочнаа заради укинување на ропството, САД избраа нов претседател. За првпат афроамерикански граѓанин. Еуфоријата со бранот Обама го зафати целиот свет, не само Америка и не само граѓани со темна кожа. Мотото на идниот претседател „Да, можеме!“ или послободно преведено „Ќе успееме!“ (Yes, we can) како волшебна сила ги опфати луѓето, ги обедини, влеа надеж, направи непознати да се прегрнуваат од радост.
И пак ќе речам, не само во Америка туку во сиот свет.

Трогната од овој историски момент, размислувам и се прашувам себе си, каде сме ние, каде е Македонија. Ќе имаме ли и ние еден ден еден Обама, или веќе сме го имале, а не сме го препознале. И тоа неколку пати.

Твоето Денес е твоето Утре, ако сакаш да си ја знаеш иднината, види си го минатото, прочитав некаде во една мудра книга. И еуфоријата се претвори во тага.

Зарем и понатаму ќе дозволуваме да нè советуваат, да ни ја кројат судбината, да нè распарчуваат? Не им замерувам на оние на кои не им е важно дали Македонија ќе постои или не. Ниту им замерувам на оние, кои сакаат да распарчуваат. Право на слободна мисла има секој. Но, не и слобода за секое дело.

Порано јунаците се мереле на мегдан. Победувал еден, а многумина ја споделувале победоносната радост. Па, Дами Господо, барам и јас јунаци. Не за мегдан. Барам јунаци кои имаат храброст да речат: Јас сум за единство на македонската дијаспора во Швајцарија, за единство на Македонците воопшто. И тоа да го поткрепат со дело!

Која причина би била толку голема што би била пречка за тоа? Не познавам ниту една!

Можеме да се обединиме?

Да, можеме! Yes, we can!

Со почит,

Македонка Мајер
Претседател на Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија


 

 

 

Името на мојата земја е Република М а к е д о н и ј а
и ќе биде Република Македонија!

МПЦ-Свети Наум Охридски Швајцарија

KiM

Македонија Ешален

biblija

canka.de

Vecer

Ohrid

Makedonija

Македонско Германски Речник

Pelagon

© ZMD 2004-2008