ZMDbaner
d1 d1 d1
  За ЗМД...
МKDEFRITEN

Раководства на ЗМД:

»»» 2010 -
»»» 2007- 2010
»»» 200X - 2007
»»» 200X -
»»» 200X -
»»» 200X -

 

За формирањето на ЗМД

Во 1988 година во Швајцарија македонците почнаа да работат на формирање на свои македонски друштва-клубови. До крајот на 1991 година во Швајцарија имаше формирано 5 македонски друштва. Овие друштва имаа за цел, негување, одржување и ширење на македонската мисла, култура и традиција, и лобирање за побрзо признавање на Македската држава. Во ова време кога се нагледуваше распаѓањето на југословенската држава, Македоците препуштени сами на себе наидуваа на поголем број на потешкотии од карактер на не организираност а немаа на кого да се обратат за помош и совет. Согледуваќи ја потребата од едно тело кое што ќе обедини Македонските друштва во Швајцарија и кое што ќе ја поедноставни и кординира работите на македонските друства се дојде на идеја да се формира ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА. Во фебруар 1992 година предсеателствата на друштвата МАКЕДОНИЈА од Аарберг МАКЕДОНИЈА од Ешален и МАКЕДОНИЈА од ШАФХАУЗЕН се сретнаа во местото Сееорф во близина на Аарберг и покренаа инцијатива за формирајне на едно Здружение. По одржувањето на неколку состаноци на кој што беше избрано првото Председателство, зацртана програмата на ЗМД и изработен статутот, Здружението на 09, Мај 1992 година одпочна со својата работа. Првото председателство, составено од членови на сите пет горе спомнати Друштва, одпочна со извршување на задачите зацртани во статутот. Првите чекори во организиранје и кординирајње на македонските друштва, Да се дружат, да ја негуваат и шират македонската култура, традиција и Желба за самостална држава не беа лесни, но ЗМД го положи испитот на Зрелост со тоа што македонскиот народ и покрај тоа што се уште немаше своја држава, со помош на ЗМД стана еден од најдобро организираните во Швајцарија.


Цели и задачи на ЗМД

ЗМД уште на својот прв состанок во фебруари 1992 година ги зацрта своите цели и задачи.Во прва линија ЗМД имаше за задача да ги обедини и да им ја олесни работата на македонските друштва.Во 1989, 1991, 1992 и 1993 година кога Македонија го бараше патот кон својата самосталнос и независност членовите друштва на ЗМД несебично се дадоа на активна работа.Наиме во она време кога Југославија почна да се распаѓа а Европа и воопшто Светот се уште скоро ништо не знаеа за Македонија, ЗМД почна на еден културен и достоинствен начин да ја презентира македонската држава, македонската мисла, култура и традиција.Жарчето желба, што тлееше во македонската душа и покрај тоа што беше со стотици години запртувано со пепел на заборав и асимилација во овие пресудни години се разгоре и почна да ги топли македонските души и македонската мисла за самостална држава почна да пламти и на македонците им требаше некој што ќе ги кординира, што ќе ги води за таа своја желба да можат на достоинствено да ја искажат во регионите каде што живееа.ЗМД, овде ја одигра својата права улога со тоа што почна да организира нај различни , спортски, културни и патриотски манифестации на кои што Македонија се презентираше од својата нај добра страна.Од Мај 1992 до Мај 1993 година ЗМД со своите членови организира и посети повеќе од 30 манифестации на кој што се бараше широко меѓународно признавање на Македонија.ЗМД во тие пресудни години за Македонија организира и повеќе хуманитарни акции.По меѓународното признавањне на Македонија и по отварањето на Македонското дипломатско представништво во Берн ЗМД можеше да се врати на својата секојдневна работа, организирање и дружење на македонскиот народ.Една од главните задачи на ЗМД е олеснување на животот на македонците во Швајцарија. ЗМД во изминатите години воспоставни повеќе контакти со разни швајцарски владини и не владини организации.Во 1997 година ЗМД се стекна со право на свој 5 делегати во Сојузната швајцарската влада што ги организира за странците.

 


 


 

© ZMD 2004-2008
index